Собранието доцна вечерва со 95 гласа „за“ и без ниту еден “против“ и „воздржан“ го донесе Предлот на закон за изменување и дополнување на Законот за данокот на додадена вредност.

Со 96 гласа „за“ пак исто така без ниту еден “против“ и „воздржан“ и Предлогот на закон за дополнување на Законот за акцизите, и двата по скратена постапка.

Сега се очекува објавување на измените во службен весник, по што ќе следува намалување на цените на горивата.