Со вечерашниот концерт во Домот на младината во Белград се обновува традицијата на проектот БГ ИНВАЗИЈА што прв пат е одржан во 1992 година, а произлегува од натпреварот на бендовите од белградските гимназии.

БГ ИНВАЗИЈА досега се одржал десетина пати, а на овогодинешното издание како специјални гости настапуваат ученици од СУГС Никола Карев, членови на бендот Црно собрание.

БГ ИНВАЗИЈА се стреми да ги претстави средношколксите бендови кои постојат во белградските гимназии, а со вклучувањето на бендот Црно собрание од Скопје, преминува во регионална смотра на средношколски бендови.

Организаторите на настанот велат дека за секој млад човек е важно бавењето со музика затоа што така се развиваат споосбности кои се неопходни во понатамошниот животен пат. Се развива креативноста, тимската работа, социјализацијата и превенцијата на врсничкото и сите останати видови насилство, како и работна дисциплина, критичко мислење, самодоверба, толеранција.

Носител на оваа активност е Здружението на наставници по музичка култура на Србија, во соработка со СУГС Никола Карев – Скопје, а под менторство на професорката по музичка култура Емилија Ристановска. Бендот Црно собрание го сочинуваат: Мона Ристова (вокал), Доротеја Солунчева (вокал), Кирил Лазаревски (гитара), Мартин Атанасов (бас гитара), Павел Петковски (гитара) и Дарија Манева тапани.