Денеска околу 06 часот во СВР Скопје е пријавено дека на булеварот Киро Глигоров се случила сообраќајна несреќа со смртни последици.

Според пријавеното, Б.С. (53) застанал со своето возило „фиат пунто“ со скопски регистерски таблички, затоа што му пукнала гума, по што со друго возило дошол да му помогне Н.С. (29) од Скопје.

Ддодека се обидувале да ја променат гумата во нив удрило патничко возило „форд фиеста“ со скопски регистерски таблички, управувано од Н.Л. (18) од Скопје, кој го напуштил местото на настанот, но потоа се вратил без возилото.

Информациите велат дека на местото на настанот починал Б.С., а Н.С. е пренесен во градска болница „Св. Наум Охридски“. Возилото „форд фиета“ е пронајдено на булеварот „АСНОМ“, пишува Centar.mk. Извршен е увид и се преземаат мерки за расчистување на случајот.

(насловната фотографија е илустративна)