Од ЈП Водовод и канализација – Скопје информираат дека утре со прекинато водоснабдување ќе бидат корисниците на улица „Коце Металец“, Поликлиника Ремедика и Поликлиника Железара.

Прекинот со водоснабдување е поради замена на три затварачи (Шибер) Ф200мм. на улица „Коце Металец“ 2В, а ќе се реализира од 08:30 часот до завршување на дефектот.