На 24.02.2024 во 11.14 часот во СВР Скопје било пријавено дека на место викано „Душановац“, атар на с.Бањани-скопско, лице(65) од Скопје додека управувал четирицикл, се превртел и бил потиснат од четирициклот.

Лицето се здобило со тешки телесни повреди, констатирани во Градската општа болница „8-ми Септември“. Излезено било на местото на настанот од полициски службеници од СВР Скопје.