СВР Скопје поднесе кривична пријава против А.Х.(27) од Скопје, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје или распрскувачки материи“.

На 17.11.2022 пред угостителски објект на ул.„Мирослав Крлежа“, полициски службеници извршиле преглед кај пријавениот, при што пронашле и одзеле пиштол „Sig Sauer“ со една рамка со 15 куршуми, кои ги поседувал без дозвола.