До последниот пресек, во Србија беше потврдено дека има уште 206 новозаболени лица од ковид 19, додека денес никој не починал како резултат на оваа болест.

Во Србија досега биле тестирани вкупно 4.540.946 граѓани, а во последните 24 часа биле тестирани 8.677.

За споредба вчера биле регистрирани 156 случаи, а завчера 124 случаи.

Според последните податоци на Министерството за здравство во моментов има шест лица на апарати за дишење, додека 299 пациенти се во болница.