Неколку деца во Германија случајно примиле вакцини против Ковид-19 од компанијата „Модерна“, која не била одобрена за нивната возрасна група.

Според официјалните лица, неколку деца во регионот Олпе во провинцијата Северна Рајна-Вестфалија примиле дози од вакцината на „Модерна“, иако за тие години била одобрена само онаа на „Фајзер/Бионтек“.

„За инцидентот веднаш биле известени родителите на децата“, се вели во соопштението.

На барање на родителите настанот е пријавен во полиција. Не беа објавени податоци за бројот на деца што ја примиле дозата.

Во ноември Европската агенција за лекови ја одобри вакцината на „Бионтек“ за петгодишни деца.

Децата добиваат една третина од дозата што ја примаат возрасните.