Сите анкети на релевантните институции и организации во изминатиов период покажуваат дека премиерот Зоран Заев ужива најголема доверба кај граѓаните на Северна Македонија. Поддршката за Заев и политиките на Владата преводена од СДСМ расте од ден на ден и извесна е нивната победа на престојните локални избори.

Тоа се потврдува и од застарената анкета објавена од Националниот демократски институт. Анкетата која е спроведена во март, а објавена денес, потврдува дека Заев има повисок рејтинг од лидерот на опозицијата Мицкоски.

Оваа „рециклирана“ анкета доаѓа како утеха за Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ, бидејќи во март имале повисок рејтинг од СДСМ. Кога ќе се споредат движењата на рејтинзите од повеќе релевантни анкети, јасно се гледа кои партии и коалиции граѓаните ги гледаат како победници на престојните локални избори.

Сите актуелни и релевантни анкети покажуваат дека на престојните избори следува нов пораз на Христијан Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ. Тоа го покажаа претходно објавените анкети на Брима, ИРИ, како и анкетата спроведена од Телма/МЦМС.