Синдикалците ги отфрлаат политичките игри и натегањата од ВМРО-ДПМНЕ во Собранието на Република Северна Македонија кои одат на директна штета на наставниците.

Во соопштението споределено од Сојузот на синдикатите повикуваат дека од опозициските популистичките ветувања за помали и поголеми зголемувања на платите, наставниците не добиваат ништо.

Освен тоа, Синдикатот повикува и на решавање на работниот статус на наставниците, како што се предвидува во Предлог-законот за наставници и стручни соработници со што ќе се осигураат работните места на над 4700 наставници.

„Наставниците коишто немаат решен работен статус се лесна мета за партиските каравани, што го руши достоинството на професијата. Тоа мора да престане. Нема да дозволиме наставниците, нивното достоинство и нивната егзистенција да бидат жртва на политичките игри“ пишува во соопштението на Синдикатот.