„Не се памти дека во ист период и ист момент може да се појават 8 пожари на различни места на територијата на Град Скопје. Не утврдуваме ние дали некој пожар е подметнат или не, има институции кои треба да одговорат на тоа прашање“ кажа командантот на скопската противпожарна единица на град Скопје, Владимир Симоновски за Канал 5 телевизија.

Тој додад е дека вчера бил еден од најактивните денови за противпожарната единица со 22 интервенции.

„Од 29 пријави, 7 повици беа лажни, а ние мораме и на таквите да реагираме и да излеземе, па потоа да се враќат. Ја модернизиравме бригадата минатата година и со новата телефонска централа имаме увид во броевите. Понатаму ќе постапуваме според законот, ќе ги пријавиме случаите и МВР ќе треба да ги испитува лажнтие повици“ кажа Симоновски.

За пожарот кој што се појави кај фабриката на „Охис“, Симоновски рече дека се појавиле пожари на три локации кои немале допирни точк меѓу себе.

„Не можеме со сигурност да потврдиме, тоа ќе треба да кажат институциите, но ние сметаме дека пожарот во Охси беше подметнат“ кажа Симоновски.