Невреме со силен дожд зафати дел од Хрватска и предизвика огромна материјална штета.

Надлежните служби од синоќа се на терен, а граѓаните стравуваат дека катастрофата може да стане значително поголема.

Во Жупанискиот центар 112 Вировитица пристигнале повеќе пријави за паѓање на вода од ридовите, поплавување на дворови и закани по куќи, пишува хрватски Дневник.

Ова е второ невреме што во изминатите два дена ја погоди вировитичко-подравинската жупанија.

Силно невреме пропратено со град и силен дожд вчера попладне го зафати градот Чачинце, поплавувајќи бројни станбени и деловни објекти и многу земјоделски површини.

Нестабилното време ќе продолжи и во Македонија.