Социјалдемократите денеска продолжуваат со серијата граѓански трибини „Силно и одлучно кон иднината“.

Граѓански трибини со почеток во 18.00 часот ќе се одржат и во целиот регион, односно во:

Неготино, говорник Сања Лукаревска, заменик претседателка на СДСМ; Демир Капија, говорник Перо Костадинов, потпретседател на СДСM; Росоман, говорник Бојан Маричиќ, секретар за меѓународна соработка на СДСМ

Додека пак Централната граѓанска трибина „Силно и одлучно кон иднината“ каде говорник е претседателот на СДСМ Димитар Ковачевски, ќе се одржи во Кавадарци во “Стаклена сала” од 20.00 часот, соопштија од владејачката партија.