Vestiplus.mk
СВЕТ

Силен земјотрес во Албанија, се стресе и Грција

Во Албанија утрово е регистриран земјотрес со јчина од 4,3 степени според Рихеривата скала, а земјотрес од 4,1 степен ја погоди Грција.

Епицентарот на земјотресот во Албанија бил на десетина километри северо-источно од Лушње, на длабочина од 10 километри.

Следуваа последователни земјотреси со јачина од 3 степени и земјотрес со јачина од 3,2 степени.

Земјотресите во Албанија ги разбудија локалните жители.

„Земјотресот се случи во два бранови еден по друг и неколку помали потреси. Се чинеше како да ми потона креветот“, „Ме исфрли од сон“, „Силен како грмотевица“, коментираат тие.

Епицентарот на земјотресот во Грција бил на 14 километри југозападно од Лефкада, на длабочина од 16 километри, а еден од жителите во епицентралното подрачје го опиша потресот „како да прелетал брз воз“.

Засега нема информации за повредени лица или причинета материјална штета.

Можеби ќе ве интересира...

Скок на бројките во Србија – Денеска над 200 новозаразени

В+

Пентагон: Имаме индиции кои ја потврдуваат приказната дека Путин регрутира странски борци за војната во Украина

В+

ВЛАДАТА ВОВЕДУВА НОВИ МЕРКИ – Еве ја првата земја во светот која ќе ги признае животните како емотивни суштества

Vesti +

Украинскиот министер упати неверојатна понуда до руските војници: Ако го фрлите оружјето

В+

Израел пречекува неколку стотици имигранти од Украина

В+

Руската елита сака да го отстрани Путин од власт?

Vesti +