Земјотрес со јачина од 5,3 степени според Рихтеровата скала утрово го погоди јужен Иран, соопшти Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар (EMSC).

Според ЕМСЦ, земјотресот бил на длабочина од 10 километри, на 112 километри од Бандар Абас.

Засега нема извештаи за евентуални жртви или материјална штета.