Порталот „Спиталк“ пишува дека е позната замената за рускиот претседател Владимир Путин, кога тој ќе си замине од власт во државата, а тоа треба да биде Александар Бортников.

Медиумот пишува дека дел од руската елита сакала да го види директорот на Федералната служба за безбедност, Бортников како наследник на Путин.

Бортников до неодамна бил во лоши односи со Путин поради погрешни проценки. Тој и неговото одделение, пишува „Украинска правда“, дека погрешно ги процениле силите на украинскиот воен отпор.

Медиумот пишува дека замената за Путин е подготвена, доколку нешто му се случи, а тоа е Бортников кој веднаш би го преземал лидерското место во Русија.

Бортников е шеф на ФСБ, поранешен член на КГБ и важна улога во одржување на контролата на Путин врз земјата во последните 14 години.

Порталот пишува дека Борников се познава со Путин од 1970-те години, кога двајцата работеле во тогашната канцеларија на КГБ во Санкт Петербург. Тој доаѓа од градот Перм, а роден е во 1951 годиан и се зборува дека е „ладна личност полна со ентузијазам“. Дипломирал во 1973 година како инжинер за железница, а наместо да работи по професија, тој заминал во КГБ.