Денес нема враќање на учениците во училишните клупи. Претседателството на СОНК не ја прифати понудата за зголемување на платите на наставниците на 10 проценти со гласање на Собрание во мај или јуни.

Учениците нема да се вратат на училиште, а градинките ќе згрижуваат само деца чии родители нема каде да ги остават.

– Понудата не е прифатена бидејќи, како прво, е усна. Нема писмена форма. Како второ, 95 отсто од членството се изјасни дека не сака таква понуда. Жалиме што и понатаму училиштата ќе бидат отворени само за влез, но не и за настава, изјави Лена Спасеновска Поповска, регионален претседател на СОНК.

Засега и натаму останува барањето за линеарно зголемување на платите за 18,4 отсто, а за тоа дали може да се намали прагот ќе одлучува членството.

Покачувањето кое што Владата среде најголемата светска економска и здравствена криза би било во просек од 2500 денари месечно, со што наставниците и професорите би стигнале близу до просекот од 500 евра месечно. Ова државно платените штрајкувачи го одбија и бараат зголемување кое во проеск би било околу 5000 денари месечно што доколку би се случило ќе удри врз работничката класа и фирмите кои всушност го полнат буџетот од кој се хранат и ухлебуваат стотиците илјади административци, меѓу кои и образовните работници.

Одлуката на СОНК да се одбијат овие 2500 денари покачување, нешто што не се случило за режимот на Груевски во целиот мандат од 12 години, ги разгневи граѓаните кои беа погодени од двеиполгодишната криза,а го полнат буџетот. Разгневни се и родителите на децата кои наместо да одат на работа, мора да ги чуваат.