Таман помислив дека ќе стивне, но, Јавноста (што и да значи тоа денес во услови на целосна нејзина деконструкција и отсуство на било каква структура, а уште помалку делибартаивност – што би рекол Хабермас), сепак, таа наша Јавност, сеуште се бави со Џокејот.

Нема збор дека е тој е контроверзен, но, во трката за сензационализам веќе постанува едно “општо место”, likeable subject, тема во коа буквално секој може да си се замислува дека е James Bond 007, или посмешно : Sherlock Holmes!

Па така, секој си има свое “разузнавачко” мислење, секој сака да си каже, да води дебати, емисии за тоа да спрема, да дебатира… Ете ме и мене со еден скромен допринос во таа смисла, неможејќи да се се воздржам заради атрактивноста на шпионските работи.

Прво, од она што го гледам и слушам, човекот комотно си живее на Европска територија, па дури во Германија си купил имот, бил таму уапсен, а потоа и ослободен! Пуштен слободно да си јава. Додека Украина сеуште го бара заради сомнение за сторено кривично дело.

Но, моето “разузнавачко око од Али Екпсрес “, увиде еден трик – трикот е во тоа што никој, ама баш никој, не го испорачува!

Затоа се прашувам – зошто е тоа така ? Хммм

Чудни се и прикриени, мили мои, но и значително мистериозни се, активностите на разузнавачите во сите земји! Па и кај нас. Поготово, кога е во прашање националната безбедност и националниот интерес. Да не се такви немало да бидат Р А З У З Н А В А Ч К И тие служби, туку би биле “служби за општи работи”, за ова или за она…. Но тие тоа не се, туку се занимаваат со сособено деликатна и сензитивна работа – народски кажано со шпионски работи, а шпоинските работи знаеме сите изискуваат високо ниво на дискерција и тајност!

Кога некоја нивна активност ќе излезе во јавноста, веројатно и затоа, предизвикува голем интерес и таласање, но, тука не завршува работата на службите тие и понатаму играат, само прашање е кои служби како играт и за чив интерес?

И веднаш да се запрашаме – во чив интерес е јавноста да се бави со македонското разузнавање? Во чив интерес е , тајната собраниска седница да стане јавно достапна и зошто, Ве молам ?

Инаку, целосно се сложувам дека случајот со Џокејот ја загрозува до некаде националната безбедност – но, никао не како случај сам по себе – како лик и дело на Онишченко, туку повеќе како “симптом – случај” кој на многу чуден начин протече во јавноста и како овој случај се тркала еве веќе 10тина дена… Е токму ова протекување, исто како и многу други протекувања (да не ги набројувам ги има многу) укажуваат на попустливоста на безбедносниот сектор во делот на (не)професионалноста на поединци кои се суште дел од тој систем. Веројатно како резултат на чувеното “пост-груевистичко помирување”.

Затоа, за разумните и демократските сили во земјава тоа би бил особено загрижувачки аспект поврзан со шпионските работи, или просто кажано – кои се “разузнавачите” кои оддаваат класифицрани податоци и повторно, зошто и со каква цел го прават тоа ?

Република Северна Македонија е НАТО членка и дел од партнерските земји кои се спротиставуваат на руската агресија врз Украина. И по којзнае кој пат, да повториме, со самото тоа стануваме цел особено на хибридни напади на спротивната страна чија цел е разнишување на институциите и разнишување на чувството на безбедност на граѓаните – а во хибридните закани спаѓаат и пропагандните војни, но и интервенциите и моделирањето на јавното мислење, како со оваа актуелнава тема например. Ми се чини дека фрлена е јадица со сластен плен за Јавноста. Токлку сластен што ќе го тркаламе до бесвест, до мера да секој пред кооперација ќе се бави со разузнавување , до мера сите да поверуваме дека разузнавањето во државава е за никаде. Но дали е така ?

Прво, убедена сум дека треба да сме особено внимателни и да не се лизгаме на тенок мраз кога ваквите закани веќе ни стануваат се секојденвие – односно, малку да бидеме мудри околу провокациите; Второ, шпионските рецидивизми од авторитарната епизода – читај груевистичките инсталации би требало да поминат безбедносно сертификациона ревизија – зато што очигледно е дека “одаваат државни тајни” ; трето, на мала врата уште се тера кампања за наводен надзор на службите од граѓанските организации – што е тотална будалаштина Другар(к)и. Смислата на разузнавањето е токму во тајните оперативни дејствија и во класификацијата на податоците, а не е во јавните расправи, ве молам! И самиот Хабермас (кралот на јавните расправи и на делиберативната јавност) би се сложил со ова!!!
На крајот на краиштата, потенцирање дека Онишченко е на црната листа на САД неможе да биде одлучувачки аргумент во оваа приказна, затоа што имаме ние и други наши граѓани, кои се исто така на црната листа на САД, што не е никаков основ за нивно некакво процесуирање во државата, а за јавноста наша не се интересни, нели ?!

Оттука, да се обидеме да ги проблематизираме суштинските прашања на оваа тема, а не да лапаме отрови, да не изгираваме циркуски детективи, затоа што сепак, за разузнавање се работи, а националната безбедност е прв и приоритен таргет на оваа служба.

Пишува Ана Чупеска за Либертас.мк