Германскиот канцелар Олаф Шолц за време на денешната прес-конференција во Берлин изјави дека европските санкции против Русија за нападот врз Украина може да бидат долгорочна, а не краткорочна мерка.

За време на своето обраќање, Шолц ја истакна потребата Германија да стане независна од рускиот увоз на јаглен, гас и нафта и тоа да го направи што е можно побрзо.

– Европа заедно со своите пријатели ги иницираше најстрогите санкции што некогаш биле видени против толку голема земја. И тие покажуваат дека имаат влијание. Дел од ова е размислувањето за алатки кои имаат таков ефект врз агресорот, но во исто време имаат минимални реперкусии врз можностите за економски развој дома и дека можеме да ги поддржиме овие санкции – рече Шолц.