По вестите за огнената стихија која го зафати Кочани вечерва и по повиците за помош од Градоначалникот Илијев, вечерва се огласи и скопскиот градоначалник Шилегов со најава за помош од скопската противпожарна бригада.

„Во моментов 3 екипи од Противпожарната бригада на Град Скопје (15 пожарникари и 3 возила) се упатуваат да помогнат на граѓаните на Кочани и ќе се стават на располагање на тамошните служби.

Екипата на пожарникари е надополнета со 6 возила (цистерни) за дотур на виод од скопските комунални претпријатија.

Во текот на денешниот ден, скопските пожарникари гасеа 9 пожари во Скопје и скопско, а 2 екипи беа на испомош во Старо Нагоричане.

Апелирам до граѓаните внимателно да се однесуваат во овие топли денови. Мало невнимание може да предизвика сериозни последици.“ – напиша Градоначалникот Шилегов на социјалните мрежи.