„По првиот круг стоиме исправено и ви кажуваме дека го сфативме гневот и пораката. Спремни сме на промени, неопходни за градот, општината и државата. За тоа треба да го сочуваме Карпош и да го сочуваме Скопје. После првиот круг веќе се е јасно, имаме едноставен избор – дали сакаме Скопје да го движиме напред да стане модерна, европска престолнина или да го вратиме назад во лагите, стиропорот, митовите и лажната бронза“ кажа кандидатот за градоначалник на Град Скопје од СДСМ и коалицијата на граѓанскиот собир во Карош.

Тој додаде дека во изминатите четири години градот храбро чекори напред и дека по следните четири Скопје ќе биде успешна приказна и модерен, европски град кој силно развива инфраструктура, јавен простор и го слуша гласот на граѓанинот.

„Вие сте важни и заради вас постоиме и работиме. Затоа сум убеден дека не го сакате минатото. Не ни раскажувал некој за тоа, туку ние го живеевме. Не ни раскажувале како во 2013 ни затвараа лифтови за да не гласаме, како ни затвораа претседатели на совети за да си купуваат плацеви и стаонови на туѓи имиња“ кажа Шилегов.

Тој додаде дека џабе е криењето позади независни кандидати, бидејќи веднаш по поминувањето на првиот круг веднаш се виде какви се противниците и која им е целта.