„Мора да се реши тунелот под Кале, бидејќи е потреба на нашиот град. Имаме сериозен недостаток од директна комуникација север-југ. Неопходен е да се реализира, но сепак е многу комплексен проект“ кажа кандидатот за градоначалник на град Скопје од СДСМ и коалицијата, Петре Шилетов на МТВ.

Тој кажа дека за овој проект веќе беше распишан тендер и беше избрана фирма која ги започна постапките за проектирање, но не ги запази роковите поради што градот го раскина договорот и ја наплати банкарската гаранција.

„Ова е комплексен проект и мора добро да биде испланиран. Финансиската конструкција за овој проект е 30 до 40 милиони евра и не смее да има импровизации, како што има на автопатот Охрид-Кичево. Осум години се мачиме со тој автопат поради погрешниот почеток. Тоа нема да дозволам да се случи во Скопје“ кажа Шилегов.