„Со дигитализацијата на Град Скопје и апликацијата „Мое Скопје“ ќе дојде до де факто развластување на градоначалникот и советот. Секој граѓанин преку апликацијата ќе може да го дава своето мислење за сите битни работи“ кажа кандидатот за градоначалник на Скопје од СДСМ и коалицијата, Петре Шилегов на емисијата „Патот кон“ на Алсат М.

Градоначалникот на Скопје додаде дека со овие т.н. „мини референдуми“ за важните прашања, гласот на граѓаните ќе биде пренесуван и ќе служи како водилка за градоначалникот и советот.

Исто така, со дигитализацијата на администрацијата на Град Скопје и апликацијата „Мое Скопје“ ќе се овозможи граѓаните да имаат комуникација со градот на електронски начин.

„Без редови и шалтери, целиот систем е смислен така, градот да биде првата дигитализирана институција во државата. Тоа ќе им овозможи да довиаат побрза и поефикасна услуга и елиминација на корупцијата“ рече Шилегов.