Шилегов му возврати на Апасиев: За разлика од Вас, јас имав среќно детство и добро домашно воспитување
Vestiplus.mk
МАКЕДОНИЈА

Шилегов му возврати на Апасиев: За разлика од Вас, јас имав среќно детство и добро домашно воспитување

Шилегов, пијаницо една непрокопсана! Под итно да го вратиш споменикот на протераните деца-бегалци у Жена парк во првобитната состојба, напиша пратеникот Димитар Апасиев на Фејсбук, на што градоначалникот на Скопје му возврати:

„Споменикот на Децата бегалци од Егејскиот дел на Македонија е подигнат во 1989 година и е авторско дело на познатата македонска архитектка Даница Павловска – Циги, а по повод одбележувањето на 40 годишнината од егзодусот на Македонците (и трагичната судбина на децата, разделени од своите родители), која во 1989 година се одржала во Скопје.

Циги (како и јас) по потекло е од Егејска Македонија. (Или бар дел од нејзиното семејство).

Некаде во 2012 година, еден неофашиста, тогашен пратеник, неовластено, на задниот дел од споменикот лепи плоча, со што го скрнави ова свето и оригинално дело на Даница Павловска.

Од како сум градоначалник, Циги го доби највисокото градско признание. 13 Ноемвриската награда. За животно дело, меѓу кои е и ова, значајно обележје за дел од македонскиот народ.

Еве сега, во 2020 година, еден друг неофашиста, кој како и првиот е моментално пратеник (а попатно и се обидува да биде фб фраер), ме прозива за враќање на диво поставената плоча. При тоа ме прозива како “пијандура непрокопсана”.

Почитуван Аспасиев, Вашите зборови повеќе кажуваат за Вас отколку за мене. Нема да паднам на Вашето ниво на комуникација.

Почитуван, за разлика од Вас, јас имав среќно детство и добро домашно воспитување.

Жал ми е што сте толку несреќен и исфурстиран. Се надевам дека некогаш во Вашиот живот ќе ја пронајдете својата среќа. Искрено се надевам дека таа Ваша среќа нема да се обидете да ја пронајдете на сметка на несреќа на македонскиот народ. А за жал, натаму сте појдени.

При тоа, треба да знаете, дека на крај, пак ќе останете несреќни. И Вие и луѓето околу Вас.

Убеден сум дека тој пат нема да го следи и македонскиот народ. Затоа што мудар е нашиот народ и добро знае: од “циркузанти”, кои личат дека се атрактивни, патат сите балкански народи. Македонскиот (во својата историја), за жал, пател најмногу …

Таа грешка, нема да дозволиме да се повтори. Ви ветувам.

Искрено Ваш (прокопсан или непрокопсан), како милувате, така нека биде, напиша на својот фејсбук профил градоначалникот на Скопје, Петре Шилегов“, напиша градоначалникот.

Оштетениот споменик на децата бегалци во паркот Жена борец комплетно ќе биде реконструиран. Споменикот беше оштетен лани во октомври, запуштен е и не работи фонтаната. Плочите на споменикот кои биле оштетени, по налог на Град Скопје се извадени за да се обноват.

Споменикот е посветен на егзодусот на над 20.000 деца–жртви од Граѓанската војна во Грција 1946-1949, а беше поставен на 30 јуни 1988, кога во Скопје се одржа Првата светска средба на децата бегалци.

Повеќе од интернетот…

  • Biznispro.com
  • Centar.mk
  • Zena.mk
Следува предвремена исплата на пензиите – ова се датумите кога ќе биде исплатена пензијата

Владата на Република Северна Македонија, на денешната седница, ја разгледа и усвои Информацијата од Министерството за труд и социјална политика за исплата на пензии за месец март 2023 година. Задолжен е Фондот за пензиското и инвалидското осигурување на Северна Македонија да ги достави податоците за пензиите до деловните банки најдоцна до 27.03.2023 година. Се препорачува […] The post Следува предвремена исплата на пензиите – ова се датумите кога ќе биде исплатена пензијата appeared first on BiznisPRO. Прочитај повеќе...

Граѓаните ќе може да добиваат поврат до 8.400 денари од лице годишно, наместо досегашните 7.200 – Мерката “Мој ДДВ” дава резултат и за граѓаните и за државата

Во собранието се изгласа предлог измената на Законот за враќање на дел од ДДВ на физички лица. Оваа измена е со цел од 1 јануари 2023 да се зголеми лимитот на повратот со што наместо 1.800 денари за тримесечие, граѓаните ќе може да добијаат максимален износ од 2.100 денари. Ова значи дека еден граѓанин ќе […] The post Граѓаните ќе може да добиваат поврат до 8.400 денари од лице годишно, наместо досегашните 7.200 – Мерката “Мој ДДВ” дава резултат и за граѓаните и за државата appeared first on BiznisPRO. Прочитај повеќе...

Нова цена на горивата

Регулаторната комисија за енергетика денеска ќе стокми нови цени на горивата кои ќе важат во текот на следната седмица. Во моментов цената на лондонската берза за барел нафта изнесува 83 американски долари, додека на американската е поевтина. Во моментов цените на горивата се – Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 95 82,00 (денари/литар), Моторен бензин ЕУРОСУПЕР […] The post Нова цена на горивата appeared first on BiznisPRO. Прочитај повеќе...

Земјотрес од 3 степени го погоди регионот на Штип

Рано утрово околу 2.40 минути во епицентралното подрачје Свети Николе-Штип бил почувствуван земјотрес со јачина од 3 степени според Рихтеровата скала. Епицентарот на потресот бил на пет километра северно од Штип, на длабочина од 5 километри, објави ЕМСЦ. Според информациите од Сеизмолошката опсерваторија, потресот бил почувствуван од населението во Штип... Прочитај повеќе...

Остин: Украина ќе има добри шанси за успех

Американскиот министер за одбрана Лојд Остин смета дека Украина има многу добри шанси да започне успешна контраофанзива во пролетта оваа година поради значителното исцрпување на руските сили и западното оружје, пишува Украинска Правда. – Мислам дека напролет ќе видиме интензивирање на непријателствата бидејќи се подобруваат условите за маневрирање и врз... Прочитај повеќе...

Поранешниот американски потпретседател мора да сведочи во истрагата за нападите на Капитол на 6 јануари

Пред големата порота за разговорите, федерален судија одлучи дека поранешниот американски потпретседател Мајк Пенс мора да сведочи за разговорите што ги имал со поранешниот американски претседател Доналд Трамп пред нападот на Капитол на 6 јануари 2021 година. Судијата во одлуката рече дека Пенс сепак може да одбие да одговори на... Прочитај повеќе...

Еве што се случува во телото на жената за време на ПМС: Хормоните се главни виновници за се

Најголема улога во женското репродуктивно здравје имаат хормоните кои регулираат голем број процеси во организмот. Така, под влијание на хормоните може да се забележат одредени појави во телото на жената во текот на менструалниот циклус, како физички така и емоционално. Покрај тоа што главните симптоми на менструацијата се болни грчеви во стомакот, најверојатно жената ќе... Прочитај повеќе Чланак Еве што се случува во телото на жената за време на ПМС: Хормоните се главни виновници за се се појављује прво на Zena.mk. Прочитај повеќе...

СТАНЕТЕ КРАЛИЦА НА ФЛЕРТОТ, А ЕВЕ И КАКО – Седум трикови за заведување на кои мажите никогаш не можат да одолеат

Ако мислите дека физичкиот изглед е главниот фактор за успешно флертување, вие сте осудени на неуспех. Самодовербата и шармот се поважни од физичкиот изглед. Изгледот е, да не се лажеме, важен, но без шарм и уште неколку ситници е недоволен за успешно заведување. Секако, секој има своја тактика за заведување, но постојат одредени испробани трикови... Прочитај повеќе Чланак СТАНЕТЕ КРАЛИЦА НА ФЛЕРТОТ, А ЕВЕ И КАКО – Седум трикови за заведување на кои мажите никогаш не можат да одолеат се појављује прво на Zena.mk. Прочитај повеќе...

Не сте сигурни дали тој е вистинскиот? – Овие 5 прашања треба да си ги поставите по три месеци врска

Бидете искрени со себе бидејќи од тоа зависи иднината на вашата врска. Откако ќе поминат првичниот занес и огномет од емоции, секоја врска достигнува точка на прекршување. Тогаш е време да се преиспитате себеси и вашите чувства и да одлучите дали врската има иднина или не. Сосема е нормално дека во одредени ситуации нема да... Прочитај повеќе Чланак Не сте сигурни дали тој е вистинскиот? – Овие 5 прашања треба да си ги поставите по три месеци врска се појављује прво на Zena.mk. Прочитај повеќе...

Можеби ќе ве интересира...

СДСМ: Енергетската трансформација е во тек, нови 150 мегавати од обновливи извори

Vesti +

Митрески: На маргиналните политичари не треба да им се обрнува внимание

Vesti +

Талески: Милошоски итно да закаже седница на Комисијата за ратификација на договорите од Отворен Балкан

Vesti +

Д-р Кунгуловски прогнозира кога делта сојот ќе го достигне пикот во Македонија

В+

УЖАС: Малолетник на скопско село праќал ексциплитни видеа од својата малолетна девојка

Vesti +

Ковачевски им ја носеше опремата на новинарите и снимателите

В+