Градоначалникот на Скопје Петре Шилегов, на својата фејсбук страница објави фотографија од речиси споениот мост „Генерал Михајло Апостолски” во општина Аеродром.

Мостот „Генерал Михајло Апостолски” во општина Аеродром е еден од капиталните проекти на Град Скопје, за кој Шилегов зборуваше и на вчерашното гостување во ТВ Канал 5:

„Имате булевар АСНОМ кој долги години беше рак рана на граѓаните на Аеродром, и јас очекувам некаде до почетокот на кампањата ќе го пуштиме и мостот таму во употреба…“, изјави Градоначалникот на Скопје Петре Шилегов во емисијата „Жешко политичко лето“.