„Внатре во СДСМ се случува процес на промена и на луѓе кои сами по себе носат квалитет, а главните политички постуалти на политики на СДСМ се добри познати на јавноста. Прашањето е што би добила Македонија ако скршен по овој пат- ретроградност на процесите? Моето убедување е дека се работи за политичка десница и дека ќе се вратиме неколку чекори назад и дека и така лошиот впечаток на граѓаните за државата со тек на време може да стане полош. Не гледам на било каков начин она што е национален интерес на државата, на граѓаните, а тоа е евроинтеграцијата на државата се сопре како процес. Ако тоа го стопираме тоа како процес мислам дека нема да имаме добри општествени случувања,“ рече Петре Шилегов, член на ИО на СДСМ, во емисијата „Само Вистина“ на Канал 5.

Шилегов додаде дека политички партии се должни да ги дефинираат националните интереси на Македонија, а тоа подразбира заедничко чекорење во процеси, зашто секое раздвојување во тие процеси,од она што е заедничка цел, создава конфузија кај граѓаните.