Фејсбук статус на Градоначалникот на град Скопје, Петре Шилегов:

Ако некој решил да земе државјанство на друга држава тоа е лична одлука. Она што ме загрижува мене, а верувам и сите скопјани, е криењето на вистината од јавноста и новинарите.

Прашањето е за што уште Арсовска не ја кажувала вистината? Како тоа нема време да одговара на прашања на медиумите за вакво важно прашање? Нема време и интерес за дуел да соочи аргументи, нема време да одговара на прашања на новинарите.

Скопјани секако не заслужуваат ваков третман од некој кој претендира да биде градоначалник. Очигледно Арсовска е склона кон криење на факти од јавноста. Преку овој случај сериозно се доведува во прашање нејзиниот интегритет и чесност како можен градоначалник на Скопје. Тоа е клучното прашање кое треба да го постави јавноста и медиумите.

Одлуката на Арсовска да има бугарско или друго државјанство е нејзина лична одлука и јас тоа нема да го коментирам.