Алармантно е што симптомите на рак на желудник многу често не вклучуваат ни најмала болка, што го отежнува екстремно дијагностицирањето на оваа тешка болест. Статистиката покажа дека еден од 112 луѓе ќе се соочи со рак на желудникот, почесто мажите отколку жените.

Доколку ги забележите следните шест симптоми, консултирајте се со лекар без одлагање.

КРВ ВО СТОЛИЦАТА ИЛИ КРВ ВО СОДРЖИНАТА НА ЖЕЛУДНИКОТ ПО ПОВРАЌАЊЕ

Бојата на крвта во овој случај е потемна од вообичаеното – бордо или речиси црна во столицата, а кај повраќањето светло-црвена и зрнеста, како резултат на сварена храна.

НАГЛО ГУБЕЊЕ НА АПЕТИТ

Ако претходно не сте имале проблем со апетитот, а потоа нагло го изгубите, консултирајте се со лекар.

БОЛКИ ВО ВНАТРЕШНОСТ НА СТОМАКОТ

Ако се работи за рак на желудникот, болката ќе биде постојана и мачна.

НЕОБЈАСИВНО СЛАБЕЊЕ

Обрнете внимание на губењето килограми, особено ако не сте направиле ништо што би го предизвикало.

КОНТИНУИРАНИ ЖДРИГАВИЦИ

Доколку постојано имате киселини и лошо варење, одете на преглед бидејќи многу често овие два симптоми укажуваат на рак на желудникот.

Надуеност, дијареа, запек

Изолираната појава на овие симптоми обично не укажува на рак на желудникот, но во комбинација со другите споменати симптоми – да. Контактирајте го вашиот лекар ако почувствувате еден од овие три симптоми, особено ако тоа трае одреден временски период.