Министерката за надворешни работи на Обединетото Кралство, Лиз Трас (Трус) изјави дека рускиот претседател Владимир Путин прибегнал кон очајни мерки бидејќи не ги постигнува своите цели.

– Путин продолжува да користи одвратни тактики против украинскиот народ, вклучително и киднапирање на невини цивили. Не ги постигнува своите цели и прибегнува кон очајни мерки. Путин мора да пропадне во Украина – рече Трас.