Криминалната група е уапсена во меѓународна акција во која лисици му беа ставени на Дарко Шариќ, неговиот адвокат Дејан Лазаревиќ и уште четири осомничени.

Тие се осомничени дека шверцувале дрога, и тоа најмалку еден тон од Јужна Америка во Европа.

Групата ги купувала производите во Еквадор и Колумбија за 4.700 долари по килограми, а во Европа продавале килограм по 28.000 долари.

Српското обвинителство води истрага проитв лицата и првите проценки се дека заработле повеќе од 11 милиони евра.