Имаме кандидат и советничка листа кои ќе испорачаат подобар животен стандард во Кратово, порача од партиската трибина членот на Централниот одбор  на СДСМ, Јагода Шахпаска. Таа рече дека активистите цело време биле на терен и знаат што треба да се направи за Кратово да биде пристојна и убава туристичка дестинација.

-Идниот градоначалник и советниците изработија проекти кои во иднина ќе ги реализираат со поддршката од централната власт. Ова го зборувам исто како што ви ветив дека ќе ги вратиме парите кај граѓаните, а сега преку МојДДВ вративме повеќе од 36 милиони евра. Со евтината тарифа за струјата вративме дополнителни 12 милиони евра, кажа Шахпаска.

Таа потсети дека централната власт со 50 милиони ги раздолжила општините, покривајќи им 50% од долгот.

-Обезбедивме седумдесет милиони евра со поддршка на Светската банка за локални патишта, а преку ТАВ програмата дополнителни 35 милиони евра се наменети за 900 локални проекти, заклучи Шахпаска.