„Го нудиме најдоброто од нашата партија, од нашата коалиција, најдобриот млад кандидат за градоначалник на Кратово, Влатко Бојковски, најдобрата советничка листа која ќе донесе подобар животен стандард за сите кратовчани. Велам најдоброто затоа што на оваа понуда претходеше добра подготовка од страна на активистите на СДСМ. Ова лето бевме меѓу вас, граѓаните, да ги слушнеме вашите потреби, што е она што треба да се направи во Кратово, за да биде пристојно, место на живеење, но и атрактивна туристичка дестинација“, порача членката на ЦО на СДСМ, Јагода Шахпаска на трибината „Најдоброто за мојата општина“ во Кратово.

Таа ја истакна заложбата на СДСМ, парите да се враќаат кај граѓаните.

„Преку повратот на ДДВ, враќањето на ефтината струја, изедначување на минималната плата за сите работници, затоа што сите граѓани се исти, го исполнивме нашето ветување. Од 9.000 денари, минималната плата денес е 15.200 денари. И во услови на пандемија направивме законско усогласување, затоа што законите важат за сите“, рече Шахпаска, осврнувајќи се и на растот на просечната плата која од 23.850 денари во 2017 година, во јули годинава таа изнесува 28.540 денари, што е зголемување од речиси 6.000 денари.

Таа изрази задоволство за изградбата на нов старски дом, како дел од програмата на кандидатот за градоначалник, Бојковски, затоа што старите лица тоа го заслужуваат. Тие што ја граделе оваа држава во која денес живееме, им возвраќаме со грижа кога им е најпотребна.

„Изминативе 4 години, изградивме и реконструиравме 60 детски градинки, а само во последнава година отворивме 15 нови градинки со што обезбедивме влез на нови 1150 деца во системот на предучилишно воспитание и образование. До крајот на годинава, планирани се уште 10 нови градинки, а со тоа влез на нови 1.000 деца. На ВМРО-ДПМНЕ им беа потребни 10 години да изградат 45 градинки, СДСМ за 4 години отвори 60 градинки. Разликата е и повеќе од очигледна“, посочи Шахпаска.

Како дел од поддршката на централната власт кон општините Шахпаска ја посочи директната поддршка од 50 милиони евра за локалните единици, да можат да излезат од своите долгови и да градат во своите општини. 70 милиони евра со поддршка на Светска банка, се вложени за изградба на локални и регионални патишта.

„Затоа многу е важно, кога гласате за локалната власт, да го изберете најдоброто. Затоа што треба да ги изберете луѓето со кој сте секојдневно, луѓето коишто ги знаат вашите секојдневни проблеми, коишто живеат со тие проблеми, тоа се луѓето кои ќе го подобрат живеењето во вашата општина. Затоа излезете на 17 октомври и изберете го најдоброто за вашата општина, заокружете го бројот 12“, порача Шахпаска.