Последната оставка која ја поднесе е заменик министерот за здравство Илир Хасани. Два часа Флорин Бесими поднесе оставка од директор на Тетовската клиника, се повлече и економскиот директор Артан Етеми.

– Во вакви сериозни моменти за сите нас, давам оставка како највисок морален чин. Дури и покрај фактот дека немам никаква врска со модуларните болнички постапки, иако немам ништо друго со организацискиот дел, оставката е најмал чин што можам да го сторам во овој момент, да ги почитувам жртвите, повредените, мислењето и најчесто самите себе .Ништо над достоинството!, соопшти заменик министерот за здравство Илир Хасани.

– Почитувани граѓани, почитувани Тетовчани. Дозволете ми во мое име и во име на сите вработени од Клиничката болница на Тетово да изразам уште еднаш сочувство до семејствата на загинатите во трагичниот настан што се случи во модуларната болница за Ковид-19 во Тетово.

Како доктор, кој цел мој професионален живот сум го посветил во лекување на моите сограѓани и како прв човек одговорен во Клиничката болницата во Тетово, со која раководам последниве години, чувствувам морална и етичка одговорност од страшниот настан во кој згаснаа човечки животи.

Почитувани, со голема тага за секоја жртва и за секој член на нивното семејство, Ве информирам дека, поради оваа морална одговорност која ја чуствувам, давам оставка од раководното место директор на Клиничката болница Тетово. После овој трагичен и несреќен настан, оваа одлука е неминовна. Во исто време, се надевам дека ќе заврши што побрзо целосната истрага и ќе се утврдаат причините за пожарот во модуларната болница во Тетово за пациентите со Ковид -19. Мојата оставка нема да ги утеши семејствата, но верувам дека ќе постави една морална линија, која сите како општество сме ја заборавиле.

Загубата на човечки живот во една ваква состојба е голема трагедија. Функцијата не е пред достоинството и човечноста На повредените им посакувам побрзо да закрепнат!

Јас, со целосна доверба целиот мој живот сум го посветил за здравјето на граѓаните и на нашето општество. Изразувам почит и сочувство кон моите тетовчани, и останувам во нивна постојана услуга. Господ да го благослови моето Тетово и моите тетовчани! Со длабоко сочуство и искреност,напиша фљорин бесими, директор на тетовската болница.

– Чувствувајќи ја длабоката болка од трагедијата што се случи во модуларниот центар во Тетово, каде што бев и лично присутен, од тажните слики што ги доживеав извлекувајќи ги со свои раце телата на жртвите, во својство на економски директор ја давам мојата оставка од оваа позиција од морален чин, соопшти Артан Етеми, финансиски директор на Тетовската клиника. Јас верувам на принципот дека истражните тела и меѓународно ангажираните експерти ќе ја откријат вистинската причина за тоа како настана трагедијата што се случи во модуларниот центар и која ги скрши нашите срца. Ја споделувам болката со роднините на жртвите, соопшти економскиот диретор на тетовскиот клинички центар Артан Етеми.

За во 19 часот прес конференција најави и Венко Филипче, министер за здравство.

*фото илустрација