На 20.10.2022 во 20.00 часот во СВР Скопје – Полициската станица Гази Баба, од Комплексот клиники „Мајка Тереза“ било пријавено дека кај нив со повреди бил донесен Б.Ј.(36) од Скопје. Според пријавеното, околу 15.40 часот во кругот на Казнено-поправната установа Затвор Идризово, каде издржувал затворска казна, Б.Ј. бил физички нападнат од три лица. По целосно расчистување и документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.

На 21.10.2022 во 00.17 часот во Полициското одделение Шуто Оризари, П.К.(33) од Скопје пријавил дека околу 00.15 часот на подрачјето на Шуто Оризари, по претходно недоразбирање, бил физички нападнат од три лица. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

На 20.10.2022 околу 17.25 часот во Полициската станица Бит Пазар, Ф.А.(43) и Б.Б.(39), двајцата од с.Арачиново, скопско, пријавиле дека во 12.20 часот на подрачјето на Бит Пазар нивните малолетни синови биле физички нападнати од четири лица од кои едно употребило остар предмет. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.