На 26.05.2023 во 02 часот од угостителски објект на подрачјето на Центар, полициски службеници го лишиле од слобода германскиот државјанин М.М.Ф.П.(32), затоа што кај него била пронајдена и одземена прашкаста материја. По целосно документирање на случајот ќе следи соодветен поднесок.

Полициски службеници на СВР Тетово вчера (25.05.2023) околу 18.10 часот на улица „176“ во Тетово го лишиле од слобода 33-годишниот П.Р. од тетовско Слатино, затоа што кај него биле пронајдени и одземени марихуана и нож. Тој е задржан во Полициската станица Тетово за расчистување и документирање на случајот, по што ќе му биде изготвен поднесок.

На 25.05.2023 во 22.00 часот на подрачјето на Аеродром, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода О.К.(22) од Скопје, затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. По целосно документирање на случајот ќе следи соодветен поднесок.

На 25.05.2023 во 03.00 часот на Граничниот премин „Меѓународен аеродром“ – Скопје, на излез од државата бил приведен Д.З.Д.(29) од Канада. При извршена проверка било констатирано дека го пречекорил дозволениот туристички престој. Тој бил предаден на полициски службеници за понатамошна постапка.

На 25.05.2023 во 12.30 часот во автобус на ЈСП на подрачјето на Карпош, од полициски службеници од Единица за внатрешни работи – Одделение за криминалистички работи Карпош бил приведен малолетник од Скопје, затоа што кај него бил пронајден и одземен нож. По целосно документирање на случајот ќе следи соодветен поднесок.