На 09.11.2022 во 15.10 часот на ул.„Вера Циривири“ во Велес, полициски службеници од СВР Велес ги лишиле од слобода М.Г.(25) и Т.П.(34), двајцата од Велес, затоа што при преглед кај нив, кај Т.П. бил пронајден и одземен хероин. Тие биле приведени во полициска станица и по целосно документирање на случајот против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.

На 10.11.2022 околу 01.00 часот на улица „Маршал Тито“ во Тетово, полициски службеници на СВР Тетово го лишиле од слобода 19-годишниот А.М. од тетовско Селце затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. Тој е задржан во Полициската станица Тетово за расчистување и документирање на случајот, по што ќе му биде изготвен соодветен поднесок.

На 10.11.2022 во 00.00 часот на подрачјето на Кисела Вода, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода Ф.Г.(22) од Скопје затоа што кај него биле пронајдени и одземени марихуана и грутчеста материја. По документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

На 10.11.2022 во 01.30 часот на подрачјето на Карпош, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода И.К.(22) од Скопје затоа што кај него била пронајдена и одземена прашкаста материја. По документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

На 09.11.2022 во 23.10 часот на подрачјето на Карпош, полициски службеници од Единицата за внатрешни работи Карпош го лишиле од слобода К.Ј.(26) од Крива Паланка затоа што кај него била пронајдена и одземена прашкаста материја. По документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

На 09.11.2022 во 23.00 часот во с.Брњарци, скопско, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје ги лишиле од слобода Р.А.(18) и Б.И.(18) двајцата од с.Арачиново, скопско, затоа тоа што кај нив биле пронајдени и одземени бела прашкаста материја и марихуана. По документирање на случајот против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.

На 09.11.2022 во 16.30 часот на подрачјето на Гази Баба, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода А.Д.(34) од с.Арачиново, скопско, затоа тоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. По документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.