На 02.11.2022 во 20.15 часот на ул.„Орце Николов“ во Скопје, полициски службеници од Оперативен тим потраги при СВР Скопје го лишиле од слобода Е.Д.(67) од Скопје. Тој бил баран по централна потерница по наредба на Основен кривичен суд Скопје за издржување казна затвор од една година за сторено кривично дело по член член 300 и член 297 од Кривичниот законик. Лицето било спроведено во Казнено-поправната установа Затвор Скопје за издржување на казната.

На 02.11.2022 во 19.30 часот во Скопје, полициски службеници од Оперативен тим потраги при СВР Скопје го лишиле од слобода Е.А.(38) од Скопје. Тој бил баран по централна потерница по наредба на Основен кривичен суд Скопје затоа што му била определена мерка притвор за сторено кривично дело „тешка кражба“ по член 236 од Кривичниот законик. Лицето било спроведено во Казнено-поправната установа Затвор Скопје за издржување на мерката притвор.

На 02.11.2022 во село Пиперево, струмичко, полициски службеници од Секторот за внатрешни работи Струмица го лишиле од слобода С.М.(45) од село Пиперево. При претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, била пронајдена и одземена марихуана. За настанот бил запознаен Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Струмица и по целосно документирање на случајот против лицето ќе биде поднесена соодветна пријава.

На 02.11.2022 околу 22.00 часот во тетовско Боговиње, полициски службеници на СВР Тетово го лишиле од слобода 21-годишниот Е.А. од тетовско Жеровјане затоа што при негов и преглед на патничко моторно возило „мерцедес“ со тетовски регистарски ознаки, што го управувал, била пронајдена и одземена марихуана. Тој бил задржан во Полициската станица Тетово и по целосно документирање на случајот ќе му биде изготвен соодветен поднесок.

На 02.11.2022 околу 13.00 часот на улица „Благоја Тоска“ во Тетово, полициски службеници на СВР Тетово го лишиле од слобода 21-годишниот А.К. од Тетово затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. По целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.

На 02.11.2022 во Битола, полициски службеници од криминалистичката полиција при СВР Битола лишиле од слобода 17-годишен малолетник од Битола затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. По целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.

На 03.11.2022 во 03.00 часот на подрачјето на Бит Пазар, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода М.М.(26) од Скопје затоа тоа што кај него била пронајдена и одземена прашкаста материја. По документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

На 03.11.2022 во 00.10 часот на подрачјето на Гази Баба, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода Ш.К.(20) од Скопје затоа тоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. По документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

На 02.11.2022 во 21.20 часот на подрачјето на Центар, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје ја лишиле од слобода С.А.(21) од Скопје затоа тоа што кај неа била пронајдена и одземена марихуана. По документирање на случајот против неа ќе биде поднесена соодветна пријава.

На 02.11.2022 во 21.30 часот во населба Илинден во Скопје, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода Г.К.(28) од Скопје затоа тоа што кај него биле пронајдени и одземени марихуана и дробилка. По документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

На 02.11.2022 во 20.40 часот во с.Волково, скопско, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода Д.А.(29) од Скопје затоа тоа што кај него биле пронајдени и одземени марихуана и бела грутчеста материја. По документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

На 02.11.2022 во 21.20 часот во с.Волково-скопско, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода Д.Л.(30) од Скопје затоа тоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. По документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.