На 28.04.2023 во 23.00 часот на подрачјето на Центар, од полициски службеници била лишена од слобода малолетничка од Скопје, затоа што кај неа била пронајдена и одземена марихуана. По целосно документирање на случајот ќе следи соодветен поднесок.

На 28.04.2023 во 15.40 часот на подрачјето на Аеродром, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода В.И.(39) од Скопје, затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. По целосно документирање на случајот ќе следи соодветен поднесок.

На 28.04.2023 во 21.20 часот на подрачјето на Гази Баба, полициски службеници од ЕВР Гази Баба го лишиле од слобода Ј.А.(24) од Скопје, затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. По целосно документирање на случајот ќе следи соодветен поднесок.