На 31.01.2023 во Скопје, полициски службеници од Одделението за криминалистички работи Ѓорче Петров и Одделението за криминалистички работи Центар Бит Пазар го лишиле од слобода лицето С.А.(42) од Скопје. Тој бил осуден на казна затвор од една година за сторено кривично дело „кражба“ по член 235 од Кривичниот законик, а бил баран по централна потерница врз основа на наредба од Казнено-поправната установа Затвор Идризово поради бегство од затворот. Лицето било спроведено во установата за доиздржување на казната.

На 31.01.2023 во 20.45 часот на подрачјето на Карпош, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода И.Б.(33) од Скопје, затоа што кај него биле пронајдени и одземени 36 ќесички со марихуана, 10 ќесички со кафеава прашкаста материја, 18 ќесички со бела прашкаста материја и четири шприцеви со црна течност. По целосно документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.

На 31.01.2023 во 15.00 часот во Гевгелија, полициски службеници од Одделението за внатрешни работи Гевгелија го лишиле од слобода М.П.(42) од Гевгелија. При преглед на патничко возило „бмв“ со велешки регистарски ознаки, кое го управувал, бил пронајден амфетамин. Истиот ден во 17.45 часот, полициски службеници од ОВР Гевгелија го лишиле од слобода и Д.Д.(39) од Гевгелија. При претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба биле пронајдени и одземени прашкаста материја, марихуана, семки од марихуана и дигитална вага. За настаните бил запознаен Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Гевгелија и по целосно документирање, против лицата ќе бидат поднесени соодветни пријави.

На 31.01.2023 во 11.30 часот на подрачјето на Центар, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода Д.Б.(47) од Скопје, затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. По целосно документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.

Денеска (01.02.2023) во 03.50 часот на подрачјето на Гази Баба, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода Д.Р.(21) од Скопје, затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. По целосно документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.

На 01.02.2023 во 00.05 часот на подрачјето на Чаир, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода Е.А.(22) од Скопје, затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. По целосно документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.
На 31.01.2023 во 22.10 часот на подрачјето на Бит Пазар, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода Е.А.(32) од Скопје, затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. По целосно документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.

На 31.01.2023 во 21.50 часот на подрачјето на Аеродром, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода Р.М.(22) од Гостивар, затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. По целосно документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.

На 31.01.2023 во 17.30 часот на автопатот А1 – штипска клучка, полициски службеници од Мобилната единица за безбедност на сообраќајот на патиштата го лишиле од слобода С.Ј.(26) од скопско село. При контрола на патничкото возило „ауди“ со скопски регистарски ознаки, кое го управувал, на увид приложил бугарска возачка дозвола и лична карта за кои подоцна било утврдено дека се фалсификат. Лицето било приведено во полициска станица и по целосно документирање на случајот, ќе следи соодветна пријава.