Полициски службеници на СВР Тетово – Одделение за внатрешни работа Гостивар вчера (14.03.2023) околу 16.15 часот во гостиварската населба „Млаки“, го лишиле од слобода 25-годишниот З.Б., затоа што кај него била пронајдена марихуана. Воедно, при претрес во неговиот дом извршен со судска наредба, исто така, била пронајдена и одземена марихуана. По документирање на случајот против него ќе следи соодветен поднесок.

На 14.03.2023 во 15.45 часот во Гевгелија полициски службеници од Одделението за внатрешни работи Гевгелија ги лишиле од слобода К.П. (42) од Гевгелија и М.У. (42) од село Богородица. При претрес на домот на К.П., извршен со судска наредба, биле пронајдени растителна и прашкаста материја, како и дигитална вага, додека М.У. бил затекнат заедно со К.П. при купопродажба на дрога. За настанот бил известен Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Гевгелија, а по негово целосно документирање против лицето ќе биде поднесена соодветна пријава.

Полициски службеници на СВР Тетово на 14.03.2023 околу 19.40 часот, на локалниот пат Тетово – Ѓермо, ги лишиле од слобода 27-годишниот А.Ј. и 23-годишниот С.К., двајцата од Тетово, затоа што при нивен и преглед на патничко моторно возило „бмв“ со тетовски регистарски ознаки, во кое се превезувале, им била пронајдена и одземена марихуана. Претходно, тие не застанале на полициски знак за запирање и со нивното возило оштетиле полициско возило на СВР Тетово. Извршен е увид, а А.Ј. и С.К. се задржани во Полициската станица Тетово за расчистување и документирање на случајот, по што ќе им бидат изготвени соодветни поднесоци.

На 14.03.2023 во нас.„Точила“ полициски службеници од СВР Битола-ОВР Прилеп го лишиле од слобода Д.Р.(22) од Прилеп, бидејќи кај него била пронајдена марихуана. Лицето е приведено во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.

На 14.03.2023 околу 14.30 часот, во тетовска Вратница, полициски службеници од Полициската станица за граничен надзор Рогачево го лишиле од слобода 42-годишниот Б.Ш. од скопско Љубин, затоа што му бил пронајден и одземен кокаин. Тој е задржан во Полициската станица Тетово и по документирање на случајот ќе му биде изготвен соодветен поднесок.

На 14.03.2023 во 13.50 часот на подрачјето на Кисела Вода, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје ја лишиле од слобода Т.С.(30) од Скопје, затоа што кај неа била пронајдена и одземена марихуана. По целосно документирање на случајот ќе следи соодветен поднесок.

На 14.03.2023 во 13.00 часот на подрачјето на Карпош, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода Е.Ц.(46) од Скопје, затоа што кај него биле пронајдени и одземени марихуана и дробилка. По целосно документирање на случајот ќе следи соодветен поднесок.

На 14.03.2023 во 15.50 часот на подрачјето на Карпош, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода Д.М.(24) од Скопје, затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. По целосно документирање на случајот ќе следи соодветен поднесок.

На 14.03.2023 во 17.20 часот на подрачјето на Карпош, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода Џ.К.(27) од Скопје, затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. По целосно документирање на случајот ќе следи соодветен поднесок.