На крајот на февруари беше напишано дека Сергеј Шојгу е „исклучен“ од потесното опкружување на Путин, како и дека поради војната во Украина во тек е „реконструкција на врвот на руската влада“.

Откако рускиот министер за одбрана Сергеј Шојгу 12 дена не се појави во јавноста среде војната во Украина, многумина почнаа да се прашуваат што се случува со блискиот соработник на Путин, а се појавија и шпекулации за неговата лоша здравствена состојба. По медиумските провокации, Шојгу сепак се појави во четвртокот на итно закажаната видео седница на Советот за национална безбедност на Русија.

Пред да реагираат од Кремљ, постоеја тврдења дека Шојгу бил „под истрага од руската разузнавачка служба“, наведува terroralarm.org, сајт управуван од група независни активисти и новинари од неколку земји кои покриваат воени вести и тероризам.

-Шојгу е под истрага за можна соработка со американската Централна разузнавачка агенција (ЦИА), пишува во објавата на terroralarm.org.

Покрај Шојгу, забележано е и исчезнувањето од јавноста на Виктор Золотов, шефот на руската национална гарда и еден од најблиските советници на Путин. Неговата последна изјава во јавноста датира од 15 март, кога рече „дека руската воена операција во Украина не помина толку брзо како што сакаше Кремљ. Забележано е и исчезнувањето од јавноста на Валериј Герасимов, началникот на рускиот Генералштаб.