На 17.02.2023 околу 12.40 часот, полициски службеници од СВР Скопје ги привеле лице(28) и лице(52), двајцата од скопско село. Тие се сомничат дека на 16.02.2023 во семејниот дом физики ја нападнале нивната 46-годишна мајка и сопруга, по што лицето (28) физички ја нападнал и неговата 26-годишна сестра.

Тие биле задржани во полициска станица и по целосно документирање на случајот, во координација со јавен обвинител, против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.