Новото истражување, предводено од Тим Спектор, професор по генетска епидемиологија во Лондон, покажува дека првиот оброк во денот треба да го јадеме во 11 часот, доколку се обидуваме да изгубиме тежина.

Професорот истакнува дека повеќето луѓе сега вечераат многу подоцна, околу 21 часот. Спектор наведува дека појадокот во 11 часот е единствениот начин да се постигне постот во 14 часот.

Постот 14 (или повеќе) часа помеѓу вечерата и појадокот се покажа како еден од најздравите методи за метаболизам и губење на тежината. Со оваа стратегија можете многу брзо да изгубите од 2 до 5 килограми.

„Треба да размислиме за сè што ни рекоа дека е нездраво бидејќи излегуваат многу нови истражувања“, рече Спектор.

Тој додава дека повеќето луѓе сè уште јадат рано, иако вечераат се подоцна. Дури и оние кои не вечераат во тоа време, сигурно ќе јадат грицки до 21 часот, што ќе го отежне постигнувањето на 14-часовен пост. Затоа, појадокот најлесно е да се премести во 11 часот.

Како професорот дошол до ова сознание?
Имено, Спектор го проучувал племето Хаџа, модерни ловци-собирачи кои живеат во Танзанија и не страдаат од дебелина или дијабетес тип 2. Племето нема зборови за појадок, а обично секој ден почнува да јаде во 10.30 или 11.00 часот.

Помеѓу научниците, ограниченото време на оброци се повеќе се перципира како начин да се биде поздрав и да се губи телесната тежина. Впрочем, професорот го поддржува интервалниот пост, само со пократок период.

Што е интервален пост?

Тоа е форма на исхрана која ви овозможува да ги јадете сите намирници, но само во одредени периоди. Целта на интервалниот пост е пред се повеќе здравје, поактивно стареење и подобар квалитет на живот.

Интервалскиот пост има неколку варијации: 16/8 во кој јадете осум часа, а 16 постите. На пример, јадете нормални оброци од 11 до 19 часот, а остатокот од времето не јадете ништо.

Потоа, обликот 6/1, што се изведува на тој начин што јадете нормално шест дена во неделата, а еден ден, обично петок, целосно постите, односно воопшто не внесувате калории и пиете вода и незасладени чаеви.

Постои и варијанта на повремен пост наречен „5/2“. Два дена во неделата бројот на калории се сведува на минимум (500-600), а останатите пет дена се внесуваат нормално.

Автофагија
Додека телото е во период на гладување (пост), се активира автофагија. Тоа е механизам за самоодржување преку кој телото може да ги отстрани оштетените и заболените клетки и на тој начин да се исчисти од токсините.

Целта на автофагијата е да се отстранат остатоците и да се саморегулира метаболизмот на клеточно ниво, што ќе влијае на целото тело и ќе доведе до оптимално здравје. Со тоа се постигнува подобро здравје, но и слабеење.