Бојан Јовановски е позитивен на Ковид-19 дознава „Република“.

Тој пред неколку дена се пожалил на нарушена здравствена состојба и веднаш му бил направен тест кој излегол позитивен.

Покрај Јовановски позитивен е и неговиот цимер. Заради специфичната ситуација и двајцата се ставени во изолација.

Веста дека Боки е позитивен ја потврдил и неговиот адвокат Сашо Дукоски. Тој вели дека неговиот штитеник и онака е во лоша состојба и оти ова дополнително ќе влијае на неговото нарушено здравје. Не знае како Јовановски фатил корона и тоа најверојатно се случило со мешање со останатите затвореници.