На 01.04.2022 околу 22,00 часот во Полициска станица Битола, Т.Н (47) од Битола пријавил дека на улица “Стерјо Ѓоргиев Џоџа“ во Битола настанал пожар во патничко моторно возило “Мерцедес ЦЛС 350“ со битолски регистарски таблички сопственост на пријавителот.

Од настанатиот пожар оштетено е и патничко моторно возило “БМВ 120 Д“, со битолски регистарски таблички сопственост на М.В.(27) од Битола. Увидот е извршен од страна на СВР Битола.