Истражувачите кои ги следат новите мутации на коронавирус открија нова и потенцијално вознемирувачка варијанта C.1.2, која носи многу исти карактеристики како и другите соеви, вклучувајќи алфа, бета и гама.

Вирусот беше идентификуван во Јужна Африка во мај, велат експертите и е поврзан со „зголемен пренос“.

Научниците од Јужноафриканскиот национален институт за заразни болести тврдат дека е сосема различен од вирусот во Вухан.

Тие исто така додаваат дека овој вирус има стапка од околу 41,8 мутации годишно и потекнува од сојот C.1.

Во тек се лабораториски тестови за да се утврди степенот до кој антителата можат да ја неутрализираат новата варијанта.

Досега, овој сој е пронајден во Англија, Демократска Република Конго, Маурициус, Нов Зеланд, Португалија, Швајцарија и Кина.

Светската здравствена организација (СЗО) соопшти дека е прерано да се означи оваа мутација на вирусот како варијанта од интерес.