Општина Кочани потпишала договор со Агенција за привремени вработувања на износ од 1.600.000 денари за ангажирање на 12 лица на период од 12 месеци.


Договорот бил потпишан на 22 февруари 2022.

Засега е непознато за што се потребни толку многу ангажмани за мала општина како Кочани.

Договорот може да го погледнете со клик тука.

Општина Кочани ќе потроши и 900.000 денари на хонорарци

За оваа цел Општина Кочани склучила договор со авторска агенција на 21.02.2022 година за ангажман на хонорарци. За оваа цел се издвоени 899.999 денари.

Договорот меѓу општина Кочани и авторската агенција погледнете го тука.

Сето ова се случува додека градоначалниците од ВМРО ДПМНЕ преку влијанието во ЗЕЛС ја молат владата за пари за струја, а светот се соочува со енергетска криза.