Новата цена на горивата во Македонија ќе биде утврдена во вторник, наместо во понеделник, поради големиот Христијански празник “Велигден”, со тоа што понеделник не државен празник и неработен ден.

Во моментов цените на светските берзи на нафтата се доста високи, односно слични како и претходно 106 долари за барел за типот брент и 102 долари за типот вти круд.

Изминатиов период горивата се точеа по следните цени:
Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 95 81,50 (денари/литар), Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 98 83,50 (денари/литар), Дизел гориво ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) 84,50 (денари/литар), Масло за горење Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) 82,50 (денари/литар), Мазут М-1 НС 51,599 (денари/килограм)