На 27.01.2023 околу 18.45 часот, на ул.„Амди Леши“ во Дебар, се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „цитроен“, управувано од В.Ц.(38) од Дебар и патничко возило „опел“, управувано од С.М.(54) од Дебар, двете со дебарски регистарски ознаки.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила малолетната сопатничка од возилото „опел“, констатирани во болницата „Св.Еразмо“ во Охрид. Известен е Јавен обвинител, а увид на местото извршила увидна екипа од Полициска станица Дебар.