Парчето снег наречено „Сфинга“, кое се наоѓа на шкотската планина Брејрејек, се смета за најдолготрајниот снег во Велика Британија. Во последните 300 години се стопи само 8 пати.

Според записите, Сфингата претходно целосно се стопила во текот на летото 1933, 1959, 1996, 2003, 2006, 2017 и 2018 година.

Се верува дека до 1933 година, последен пат целосно се стопила во 18 век.

Сфингата во последните недели се намали до големина на хартија А4, пред целосно да исчезне поради топлото време.

Се наоѓа во вдлабнатина формирана од глечер во последното ледено доба, на 1296 метри надморска височина.